еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Првиот контејнер со контаминирана земја од ОХИС замина за Германија

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини направи обиколка на локацијата во „ОХИС“ каде што е спакувана контаминираната земја со HCH од малата депонија.

По комплетирањето на сите потребни дозволи за извоз, компанијата „Polyeco“ денеска го почна транспортот на 126 тони земја контаминирана со HCH, спакувана во седум контејнери.

Крајна дестинација на контаминираната земја е Германија, каде ќе биде испорачана во постројка лиценцирана за третман на ваков тип отпад.

-Со тоа завршуваат активностите во кои како имплементациона агенција учествуваше UNIDO. Во реализацијата на вториот лот е вклучена имплементационата агенција UNOPS со средствата обезбедени во Повеќе-партнерскиот фонд за животна средина и веќе се ископани, спаковани и транспортирани до крајната дестинација за уништување 480 тони на HCH отпад од вториот лот.

Во наредниот период се очекува да започнат активности за чистење на третиот лот за што во завршна фаза е евалуацијата по огласот за избор на изведувач за чистењето и се очекува во најскоро време постапката да заврши и избраниот изведувач да потпише договор со UNOPS, информира Министерството за животна средина и просторно планирање.

Досега се вкупно ископани, спакувани и извезени 960 тони HCH отпад од првиот и вториот лот, од кои 480 тони се веќе спалени.

Фото: МЖСПП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Лемурите во Зоолошката градина се „подновија“ со четири бебиња

Редакција

(Фото) Велигденска забава во Зоолошката градина: Лемурите „се кршеа“ со јајца

Редакција

Претседателот на „Лукоил“ почина ткако наводно паднал од прозорец во болница

Редакција