еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приватните превозници ги тргнаа автобусите од „Илинденска“, ако нема договор за викенд од понеделник повторно блокади

Откако не бевме примени на средба во Град Скопје, по извесно време ги отстранивме автобусите од „Илинденска“. Ако нема некој договор во меѓувреме овие два дена, од понеделник почнувајќи од шест часот наутро ќе има повторно блокади, изјави попладневи за МИА, директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Тој информираше дека блокадите ќе бидат кај крстосниците пред Т.Ц. Мавровка, кај Црвен Крст, и, како што кажа, ќе биде блокиран и целиот дел пред градското Собрание на „Илинденска“.

Автобусите од приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ денеска беа наредени на десниот дел од Булеварот „Илинден“, односно во непосредна близина на градското Собрание.

Од друга страна, од Град Скопје најавија дека од следната недела ќе биде објавен јавен повик на кој ќе можат да се пријават сите приватни превозници, со цел поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми.

Првата блокада на приватните превозници се одржа на 28 ноември на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, кога околу 30 автобуси на „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ беа паркирани на булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, со барање „да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа“.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Популарната плажа Навагио на Закинтос затворена за туристите: Земјотресот „откинал“ дел од карпа која паднала во море

Редакција

Пендаровски му го врачи мандатот на Спасовски за формирање преодна влада

Редакција

Функционерите и нивните блиски под лупа на банките: Нови правила за политички изложените лица

Редакција