еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Инфлуенсерката Маја Јанеска загинала во несреќен случај, нејзините посмртните останки ќе бидат донесени во Охрид

Инфлуенсерката и мејкап артистка Маја Јанеска, загинала во несреќен случај, информираше на својот Фејсбук профил директорот на АУЕ-ФОН, Сефер Цаноски, со кога пред дваесетина години биле соученици.

“Министерката на претседателот на Јужна Африка ми се јави со шокантна вест и ме извести дека во петокот сабајле Маја го загубила животот во несреќен случај.

Изразив сочувство до нејзината фамилија каде ме известија дека се слушнале со нејзиниот вереник од Јужна Африка за трагедијата која се случила и ветил дека заедно со авион ќе ги донесе посмртните останки да биде достоинствено погребана во својот Охрид“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Која е Маја Јанеска, Македонка од Охрид, која загина во Африка

Таа пред неколку дена држеше мотивациски говор пред студентите на АУЕ-ФОН во Скопје.

“Не можам да поверувам дека повеќе не е меѓу нас, а само минатата недела беше во Македонија да го прослави тоа што на државава и помогна да биде признаена од Јужна Африка и после долго време да се воспостават дипломатски односи.

Ја немав видено повеќе од 20 години од средношколските денови и минатата година во дебар мало некој ми вика “кај си школски ? Гледам познато лице. Море школски Маја ме заборај? 20 години сум Африка, останав ама не старееме, гледам дека си и ти добар, уба генерација сме не се даваме… Ај да и помогнеме на државава да се признајт да напрајме нешто…

Од секогаш беше добричина, уникатна и своја. Ја имаше истата енергија со еден куп планови и беше полна со живот.

Ми кажа дека создала голема мрежа на пријатели во многу држави на афричкиот регион и дека ја почитуваат како успешна жена.

Во тоа се уверив и сам во моето патување во Африка кога организираше средби со неколку земји и со цел државен врв во Преториа на Јужна Африка. Беше многу почитувана таму.

А само три дена подоцна Ј. Африка испрати писмо до МНР на Македонија дека се подготвени да воспостават дипломатски односи. Желба и беше во Јужна Африка да има македонска амбасада“, напиша Цаноски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Во Африка почина инфлуенсерката и мејкап артистка Маја Миа од Охрид

Фото: АУЕ – ФОН/Инстаграм/Јанеска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Порше лизинг“ го доби тендерот на ОТА за „рентање“ четири возила вреден 86.000 евра

Редакција

Пановски: Во декември се намали бројот на издадени рецепти за антиобиотици, заштедија и граѓаните и државата

Редакција

УЈП распродава запленети машини, пелени и влошки за да наплати данок

Редакција