еМагазин
Image default
Македонија

Премиерот Ковачевски ќе учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тирана

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од Западен Балкан, утре ќе учествува и ќе се обрати на Самитот за Западен Балкан-Европска Унија во Тирана, Република Албанија.

Учесниците на Самитот, како што е најавено, ќе ги пречека премиерот на Албанија Еди Рама, а присуство е најавено на високите европски претставници Шарл Мишел и Урсула Фон Дер Лаjен, како и премиерите на Белгија, Луксембург и други европски земји.

На Самитот, како што информираат од владината прес-служба, е предвидено земјите од Западен Балкан со ЕУ да потпишат декларација за зајакнување на соработката во повеќе сегменти со што се обезбедува подобри услови и бенефиции за граѓаните од земјите од регионот.

Ковачевски во Тирана ќе учествува и на две панел дискусии на кои фокусот ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан, обезбедувањето на демократија, мир и слобода, како и тесната соработка помеѓу земјите во заедничкото справување со предизвиците наметнати од економската и енергетската криза.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски во Тирана се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предметот ќе биде распределен на друг судија: Одложено судењето за „Тврдина 2“

Редакција

Левица поднесе осум тужби против Собранието

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Прифатливо е спојувањето на СЈО и ЈО, Русковска не

Редакција