Грчката европратеничка и потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили, која е во центарот на скандалот со корупција, перење пари и поткуп, поврзан со Светското првенство во фудбал во Катар е топ тема во Грција и Европа.
Белгискиот дневен весник L’Echo објави дека вреќи со пари биле пронајдени во бриселскиот дом на Каили, која е во притвор.
Весникот објави и дека таткото на Каили бил фатен на дело како се обидува да побегне со куфер со пари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се освен Гркинката Ева Каили е уапсен во скандалот со корупција во Брисел поврзан со Катар
Фото: Министерство за труд на Катар
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.