еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Почна исплатата на финансиска помош од 3.000 денари за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза

Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на  паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.

Поддршката се однесува на: корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, корисниците на надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои граѓани добија финансиска поддршка за справување со енергетската криза: Објавен списокот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Албанија „цвета“ бизнисот со бугарски пасоши, Стерјовски ги открива цените

Редакција

Од денеска македонските граѓани можат да патуваат во Бугарија со негативен ПЦР-тест

Редакција

Убава вест: 606 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција