еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Граѓаните ќе го платат долгот за струја на институциите што му должат на ЕВН

Владата ќе ги покрие долговите за неплатена струја на државни институции на ЕВН, информира премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.

– Тоа се буџетски организации и заради зголемената цена на електрична енергија, Владата направи прераспределба на финансиски средства кои се одобрени и ќе ги достави до Собранието со цел да се обезбеди непречено работење на овие институции, рече премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и ЖРСМ транспорт и други.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 198 оздравени од Ковид-19

Редакција

Нови 344 случаи на Ковид-19, во Скопје 143

Редакција

Надвор од болница починале 49 лица заболени од Ковид-19

Редакција