еМагазин
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Макрон бара инвестиции во Македонија во период кога Сосиете Женерал си заминува од земјава

Лицемерни и иронични се изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон со кои се обиде да ја оправда блокадата на датумот за преговори за Македонија и покрај тоа што земјата ги исполни сите правни и политички предуслови од Европската Унија.

Во неговото обраќање тој вчера меѓудругото рече дека не доволно се инвестира во земјите соседи на ЕУ и дека отпочнување на преговори не значи ништо за државите и нивните народи, бидејќи тие преговори може да траат и по 5 или 10 години и повторно да предизвикаат фрустрација кај земјите со кои се преговара.

„Ни требаат економски, образовни, културни и лингвистички инвестиции. Треба да им помогнеме директно, а не само да зборуваме за отворање на преговори“, изјави Макрон на прес-конференцијата.

Се чини дека францускиот претседател не прати многу економија бидејќи во спротивно ќе знаеше дека една од најголемите француски банки Сосиете Женерал во моментов е во процес на продажба на Охридска банка на австриската Шпаркасе банка.

Продажбата следува само неколку години откако Сосиете Женерал стекна мнозинство акции од Охридска банка.

Вусшност, статистичките податоци покажуваат дека Франција е еден од најслабите странски инвеститори во Македонија во споредба со останатите европски земји. Слична е состојбата и во однос на државната помош и грантовите каде Франција е „мало дете“ во споредба со другите земји од Европа.

Така што, ваквите солени и непромислени изјави не му доликуваат на претседател на една земја како Франција и тоа само за да ги оправда нелогичните чекори кои го уриваат кредибилитетот на неговата земја и на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охридска банка Сосиете женерал се продава на Штаермеркише Шпаркасе

Почнува продажбата на Охридска банка

По изјавите на Макрон: Македонија веќе не треба да се надева на датум за преговори

Макрон по блокадата: Иднината на Македонија и Западен Балкан не мора да биде во ЕУ

Главата горе Македонци: „Шугата“ е кај Макрон и ЕУ, време е сами да си ја средиме државата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) МВР изврши ништење на експлозивни средства кои потекнуваат од кривични дела

Редакција

Починаа уште 5 пациенти од Ковид-19: Бројката надмина 3.000

Редакција

Италија со вкупно 64.036 смртни случаи од Ковид-19 на прво место во Европа

Редакција