еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Пет охриѓанки измамени: Наместо како фотомодели завршиле на сајт за интимни средби

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.К.(29) од Свети Николе и Н.Ц.(31) од Охрид, за сторени две кривични дела ,,злоупотреба на лични податоци”, информира МВР.

Во периодот на август и октомври 2017 година, пријавените во два наврати на две плажи во Охрид извршиле фотосесија на пет девојки од Охрид со изговор дека ќе бидат фотографирани за модна агенција од Р.Србија со цел да бидат избрани за манекенки, презентерки, фотомодели и снимање спотови.

За услугата им бил даден надомест од по 600 денари, а им биле фотографирани и личните документи. По ова во текот на 2018 година фотографиите и личните податоци на девојките, без нивно знаење и согласност биле објавени на веб сајт кој бил креиран за остварување контакти и интимни средби со девојки.

Фото: techradar.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за пожарот во Буши: Избувнал од кујната па го зафатил останатиот дел од хотелот

Редакција

(Видео) Грчката полиција застрела во глава 16-годишно момче оти не платило сметка од 20 евра за бензин

Редакција

Во декември лани просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, 5,02%

Редакција