еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од срцев удар починало 26-годишното момче од Виница, семејството замоли за почит и да престанат шпекулациите

Порталот ММС стапил во контакт со семејството на Стојан Спасов (26) од Виница, чие тело пред три дена беше пронајдено пред трговски центар во Софија, Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тело на 26-годишен македонски државјанин пронајдено во Софија

Порталот пишува дека семејството Спасови, кои во сета болка која ја доживејаа, многу се разочарани од сите шпекулации кои се кажале вчера.

-Не сакаме никој да ја почуствува болката што ја чувствуваме ние, но сепак сметаме дека секој треба да има барем малку човечност и доблест во себе. Нечесно е на нечија туѓа несреќа да се добива внимание и медиумска популарност.

Според документот што го добивме од Судска медицина, по направената аутопсија, утвредно е дека причината за смрт е срцев удар. Затоа се надеваме дека Бог ќе им даде ум на сите луѓе што не се свесни што пишуваат.

Не осудуваме никого и не бараме ничија помош, нашите блиски се со нас. Единствен начин да се помогне е да се каже вистината, а вистината е таа што ја кажавме. А тоа што го кажавме, ни го потврдија и од нашата амбасада.

Нам ни останува сами да тагуваме до крајот на нашите животи. Сите што лично го познаваа, знаеја каков човек и спортист беше. А тие што не го познаваат можат да мислат и да зборуваат што сакаат, велат од семејството Спасовски за ММС и уште еднаш замолуваат да престанат шпекулациите, и да ги остават да тагуваат во мир.

Фото: Спасов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УНИЦЕФ: Поради сушата, на милиони деца во Африка им се заканува смрт

Редакција

САД повикаа на воздржаност од насилство на протестите во Скопје

Редакција

(Видео) Доктор Пановски: Бројот на заразени од Ковид-19 ќе се зголеми на 1.000 дневно, состојбата би се смирила околу Нова година

Редакција