еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Поради политичката криза во Црна Гора, можен и прекин на преговорите за членство во ЕУ

Министрите за надворешни работи на Австрија и Словенија, Александар Шаленберг и Тања Фајон во Подгорица повикаа на итен избор судии на Уставниот суд, порачувајќи дека ЕУ сериозно ќе преиспита дали ќе соработува со Владата што би се формирала на основата на сегашниот „сомнителен закон за претседател“.

Шаленберг и Фајон дојдоа како посредници, по налог на високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика Европската унија, Жозеп Борел, при што нивните согледувања од Црна Гора ќе ги пренесат во Брисел.

Делегацијата на ЕУ во Подгорица соопшти дека министрите се сретнале со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, со претседателката на Собранието, Данијела Ѓуровиќ и со техничкиот премиер, Дритан Абазовиќ.

Фајон оцени дека ситуацијата во Црна Гора е загрижувачка и предупреди дека Црна Гора ризикува да ги прекине пристапните преговори со ЕУ. Таа изјави дека во разговорите со официјалните претставници ја изразила својата поддршка за Црна Гора да ја надмине институционалната блокада и да напредува на патот на европската интеграција.

Фајон повтори дека Законот за претседател на Црна Гора е под знак прашалник, особено затоа што нема Уставен суд да ја оцени неговата легитимност. Таа изјави дека се надева дека до крајот на јануари ќе бидат избрани судиите на Уставниот суд.

Фајон подвлече дека ЕУ сериозно ќе ја преиспита можната соработка со Влада, која би била избрана врз основа на така донесениот закон. Таа уште истакна дека е оптимист оти ситуацијата во Црна Гора ќе се подобри по вчерашните средби и нагласи дека Брисел го цени „непоколебливото противење на Црна Гора на руската агресија“.

Шаленберг истакна дека долго време Црна Гора била најнапредната земја на патот кон ЕУ, но сега работите се поинакви. Тој рече дека не се во приватна или билатерална посета, туку како пријатели кои се загрижени за ситуацијата во таа земја.

„Оваа посета е јасно предупредување, но и охрабрување“, рече Шаленберг, но предупреди дека, доколку вака продолжи, Црна Гора ризикува „да го пропушти следниот воз на патот кон ЕУ“.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Косана Мазнева, која Арсовска ја разреши од директорското место во „Комунална хигиена“ Скопје

Редакција

еМагазин Ви ја честита новата 2023 година

Редакција

МЕПСО вработува 23 лица, плата до 42.456 денари

Редакција