еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Нови 9 случаи на ХИВ/СИДА во ноември во Скопје, Гостивар, Охрид, Демир Капија и Делчево

Во текот на месец ноември, пријавени се девет случаи на ХИВ/СИДА, стои во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања во Македонија во ноември.

-Осум од пријавените лица се со ХИВ, а едно лице со СИДА.

Осум од пријавените лица се од машки пол, а едно лице е од женски пол. Пет лица се од Скопје, и по едно лице од Гостивар, Охрид, Демир Капија и Делчево. Лицата се на возраст од 19-54 години.

Три лица се хетеросексуалци, три лица припаѓаат на групата МСМ, две лица се бисексуалци, и за едно лице начинот на трансмисија е непознат.

Во текот на месец ноември не се регистрирани смртни случаи од ХИВ/СИДА.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 30.11.2022 година), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2022 година, изнесува 583, и тоа: 123 лица починале, а 460 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Многу емоции, солзи и возвишување на планината на промоцијата на книгата на Калина Велевска

Силвана Жежова

(Видео) Граѓаните се обидоа да ја тргнат оградата кај Мајчин дом во Аеродром

Редакција

Најпознати цитати од Делчев: „Не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови“

Редакција