еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Повратот на ДДВ од скенирање на сметките ќе се зголемува од 1.800 на 2.100 денари

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии.

Со предложените измени, се зголемува највисокиот дозволен износ што може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје.

Како што соопштија од Владата, се планира највисокиот износ што може едно лице да го оствари, како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност, да се зголеми на 2.100 денари по квартал за едно физичко лице.

Сега, овој износ по лице и по квартал е до 1.800 денари.

Фото: УЈП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени 19 бугарски навивачи и двајца на скопски Шкупи

Редакција

Алкалоид лани со раст на приходите за 4% и на добивката за 12%

Редакција

Убава вест: Оздравени 14 болни од Ковид-19

Редакција