еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Космос“ одложено: Адвокатот Тасевски казнет со 1.000 евра за недоаѓање на рочиште

Денешното рочиште за предметот „ТНТ“, за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, е одложено за 10 септември, бидејќи бранителот на поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, Боро Тасевски, не се појави во судницата, за што од судијата Огнен Ставрев доби парична казна во висина од 1.000 евра, во денарска противвредност.

Веднаш по почетокот на рочиштето судијата Ставрев даде пауза од половина час со цел Трајковски да го повика неговиот бранител или да назначи нов бранител за денешното рочиште.

По паузата, Трајковски нагласи дека стапил во контакт со Тасевски и дека тој сепак не може да присуствува на рочиштетот бидејќи е во одбраната на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, за случајот „Тенк“.

Судијата Ставрев го одложи судењето за 10 септември поради необезбедена одбрана на обвинетиот Трајковски и одреди парична казна за Тасевски, поради, како што посочи тој, навреда на судот.

За предметот „ТНТ“, за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заборави ли Заев на „пржинската влада“ 100 дена пред избори?

Редакција

Македонија во краен случај ќе остане без Скопски џез фестивал и OFFest

Редакција

20 здравствени работници од ГОБ „8 Септември во изолација, Бухова вели дека ситуацијата е под контрола

Редакција