еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Што знаеме за „кракен“, новата варијанта на коронавирусот, која ни се заканува

Новата варијанта на коронавирусот XББ.1.5 или „кракен“ се шири многу брзо. Според експертите, како што пренесуваат светските медиуми, тоа е така најверојатно затоа што има некои големи предности во однос на тековно доминантните соеви на омикрон.

Од Светската здравствена организација пред неколку дена посочија дека здравствената агенција е загрижена за брзината, со која оваа подваријанта ги заменува другите варијанти.

Сè уште не е познато дали може да предизвика потешка инфекција.

Забрзаното темпо на ширење е веројатно последица на можноста на подваријантата да ја избегне заштитата на имунолошкиот систем обезбеден од претходни инфекции или вакцинирање. Исто така, има мутација на својот шилест протеин – дел од вирусот што се врзува за клетките на домаќинот – што може да обезбеди одредена предност, посочија од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) во својата проценка.

Во Европа оваа варијанта е потврдена во Данска, Франција, Австрија, Холандија, Германија, Италија, Шпанија, Шведска, Исланд, Белгија, Чешка, Португалија и Ирска, а агресивно се шири и во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов сој на Ковид-19, најзаразен досега, молскавично се шири низ светот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скандал: Македонци кои гласааат на референдумот во Мелбурн се снимаат и објавуваат на Фејсбук страна „предавници“

Редакција

Бројот на вакцинирани против Ковид-19 во светот го надмина бројот на заразени

Редакција

Што треба да знаете за ХПВ, вирус од кој е заразен секој трет маж во светот

Редакција