еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Минималната синдикална кошничка за декември 51.235 денари

На едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во декември 2022 година на четиричлено семејство му биле неопходни 19.226,11 денари за исхрана и пијалаци, 13.093,22 денари за домување, 3.050,95 денари за одржување на хигиена, а 3.668,61 денари за превоз.

За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2.255,15 денари, за култура 1.067,86, а за одржување на здравје 801,29 денари.

-Вкупно на едно четиричлено му биле неопходни 43.163,17 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на живот, односно инфлацијата од 18,7 проценти или 8.071,51 денари се доаѓа до бројката од 51.234,68 денари, прецизираат од ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата лани 14,2%

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прва тужба поради родова дискриминација во спортот: Повредени правата на женските боречки клубови

Редакција

По удар од гром почина 20 годишно момче од радовишко

Редакција

Кои се новите членови на Одборот на директори на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор

Редакција