еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

62-годишник од Ливада осомничен за убиството на кучиња во Струга

Шеесет и двегодишен жител на струшкото село Ливада е осомничен дека е сторител на масовното убиство на кучиња во Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Во Струга со пушка застрелани десетици маалски и домашни миленици, сторителот да одговара бара „Анима мунди“

„Во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга е извршен службен разговор со М. З. (62) од селото Ливада, Струшко. Тој се сомничи дека во периодот од 6:45 до 7:15 часот со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници на улицата Владо Малески во Струга.

Од него е одземена ловечка пушка сачмарка, калибар 16 милиметри, заради вештачење. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од СВР Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕДС го доби тендерот на „Комуналец-Гевгелија“ за набавка на струја вреден 172.000 евра

Редакција

Инспектор фатен на дело: Земал поткуп од 600 евра

Редакција

Макпетрол ги намали цените на природен гас и метан за декември

Редакција