еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Светска банка ја намали прогнозата за раст на македонската економија на 2,4%

Светска банка ја намали прогнозата за раст на македонската економија за 0,7 отсто, и за оваа година таа изнесува 2,4 проценти. Извештајот покажува дека 2022 година сме ја завршиле со 2,1 процент раст.

Во најновиот Извештај за глобалните економски перспективи, за македонскиот домашен бруто-производ за 2024 година се прогнозира дека ќе изнесува 2,7 што е за 0,5 процентни поени помалку од прогнозите издадени во јули лани.

Раст на економијата на Западен Балкан е предвиден за 2,5 отсто, што исто така е намалување од првично предвидениот 3,1 проценти.

За Албанија се проектира раст од 2,2 проценти, 2,3 проценти во Србија, Босна и Херцеговина од 2,5, во Црна Гора од 3,4 проценти и во Косово од 3,7 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Отстранета една од најголемите авио-бомби од НАТО бомбардирањето на Србија

Редакција

Судот му го продолжи куќниот притвор на лицето кое ја нападна екипата на ТВ 24

Редакција

„Гужва„ во Обвинителството за распит за „Рекет“, првоосомничениот Боки 13 се уште неповикан

Редакција