Васко Ефтов, новинар и директор на ТВ Алфа, во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа, рече дека името „Северна Република Македонија“ не е за долгорочно решение.
„Дали не ви е чудно дека целото сегашно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не е член на Парламентот. Ни Христијан Мицкоски, ни Јанушев, ни Александар Николовски. Ниту еден од најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не е во парламентарните клупи. Тоа значи дека некој стратешки можеби размислувал, тие луѓе да не бидат изгорени при гласање во Парламентот на уставни измени во Република Македонија“, рече Ефтов.
Според Ефтов, името „Северна Македонија“ нема да биде долгорочно решавање на македонското прашање.
„Име „Северна Македонија“ не значи трајно решавање на македонското прашање. Име „Нова Македонија“ би било трајно решавање“, рече Ефтов.
Фото: Ефтов/Фејсбук