еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска претпладне магловито, попладне ветровито

Најстудено утрово е во Берово и Битола каде се измерени -5 степени, во Скопје е -4, Крива Паланка, Попова Шапка, Тетово, Струмица и Прилеп -3, Демир Капија, Претор, Крушево, Гевгелија, Дебар -2, а во Штип, Охрид, Куманово и Виница -1. Над нулата е само во Дојран со 4 степени.

Снежна покривка има на Попова Шапка со висина од 10 сантиметри.

Во текот на ноќта времето беше ведро и студено, а утрово е променливо облачно.

Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде со појава на магла, а преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Традицијата продолжува: Заеви ги посетија штитениците и вработените во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско

Редакција

Конго-кримска хеморагична треска: Како се пренесува, кои се симптомите и како да се заштитите

Редакција

(Фото) Влатко Ѓорчев помеѓу бадникарите пред Соборниот храм: Со семејството ја пречека Бадниковата поворка

Редакција