еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Старото училиште во Љубојно ќе се преадаптира во Центар за промоција на македонскиот јазик

Старото училиште „Димитар Влахов” во село Љубојно ќе биде адаптирано во Центар за промоција на македонскиот јазик. Информацијата за изработка на проект за реконструкција и ревитализација на училиштето била разгледана денеска на редовната 119-та седница на Владата.

„Имајќи ги предвид вредностите на Старото училиште „Димитар Влахов” во селото Љубојно, надлежната установа НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Битола, како што соопштија од Министерството за култура, иницира постапка за негова реконструкција и ревитализација како Центар за промоција на македонскиот јазик,“ соопшти владината прес-служба.

Министерството за култура е задолжено да ги преземе сите натамошни активности за адаптација на училиштето „Димитар Влахов’’ во Љубојно во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Фото: Википедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запленети 50.600 евра на скопскиот Аеродром кај патник од Турција

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Спектартермо“ вреден 987,8 илјади евра

Редакција

РКЕ почна постапка за одземање на лиценците на РКМ, Супер трејд, Пертинакс и ЛИЛ оил

Редакција