Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени, информираат од Управата за хидрометеролошки работи.
Од Управата велат дека врнежите пообилни ќе бидат во утринските и претпладневните часови во источните делови каде локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер.
Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските и претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
До средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет, пообилни во понеделник.
Снежната покривка, особено во западните делови ќе се зголемува.