еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија е подготвена да го прифати концептот на предложениот договор за косовското прашање

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со претставниците на ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија во Белград, изјави дека Србија е подготвена да го прифати концептот и да работи на имплементација на предложениот договор за косовското прашање.

Вучиќ изјави дека на средбата „за едно важно прашање“ од договорот ја покажал сета загриженост и резервираност, но посочи дека не може да зборува за тоа, бидејќи договорот се уште не е јавен.

Тој изјави дека денеска како претседател на Србија „недвосмислено бил соочен со проблемите и предизвиците кои би биле поставени пред Србија доколку не се согласи со предложениот план за косовското прашање“.

„Под овие и такви услови побаравме од претставниците на САД, Франција, Германија, Италија и ЕУ да ни помогнат на сите да ги надминеме турбуленциите со кои се соочуваме на Косово и Метохија, бидејќи сметаме дека е крајно време да се формира Заедница на српски општини, која не само што беше ветена, туку и потпишана пред 10 години“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека се работи за итност и дека дури потоа е можно да се разговара и да се вратат Србите во институциите, како и „некаква нормализација на ситуацијата“, но и дека во наредните денови ќе имаат консултации со членовите на Владата, Парламентот и други важни општествени групи.

Вучиќ рече дека разговорите биле многу тешки, дека „немало ниту слатки, ниту убави разговори“, но дека „дал се од себе за да ја заштити Србија“, што, додаде, „ќе продолжи да го прави барем уште некое време“.

Српскиот претседател истакна дека сите на средбата се согласиле дека „замрзнат конфликт“ не е решение.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зеленски ги соопшти условите на Украина за ставање на крај на војната

Редакција

Минатата недела за 2,3 пати помалку починати од Ковид-19

Редакција

КАМ третпат годинава ги зголемува платите на вработените: Основната почетна плата за касиери изнесува 28.000 денари

Редакција