еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Го сфатија ли сценариото со Пендиков во ЕУ?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го потврди тоа што изминативе денови се дебатираше во јавноста и на социјалните мрежи, дека случајот на Христијан Пендиков, претепаниот секретар на т.н. бугарски културен клуб “Цар Борис Трети“, кој го носи името на докажан соработник на нацистите и фашистите е сценарио и дел од хибридна војна која се води против Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Од иста групација се тепачите и тепаниот во Охрид

Од авион се гледа дека станува збор за евтина игра и пропаганда од типот на тие што Бугарија ги правеше во 19 и почетокот на 20 век за да го асимилира македонското население.

Почнувајќи од кафенската тепачка, во која најдебелиот крај го извлече Пендиков, до неговото драматично пренесување на лекување во Бугарија со воен авион, демек тука немаме болници и лекарите одбиле да го оперираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пренесувањето на Пендиков во Бугарија за лекување е дел од смислено сценарио, вели Спасовски

Членката на Европската Унија, не ни почека истрагата за тепачката да почне, а камоли да заврши за да ја обвини со отровни стрели од сите страни Македонија, дури и за геноцид. Така ли во ЕУ ги решаваат работите? Така ли компромитираат истраги? Нели функционирањето на правото е една од клучните работи?

Членката на ЕУ ги понижи сите можни иституции во земјава, кои одлично си ја завршија својата работа, оти она е нели во клубот, а ние сме надвор и по секоја цена инсистира овој случај да биде прикажан како омраза поради тоа што Пендиков бил (“новокомпониран“) Бугарин, без разлика што ќе покаже истрагата. Така ли треба да однесува членка на ЕУ?

Сфатија ли во ЕУ која е позадината на овој случај и што е целта? Ја препознаа ли Русија во сценариото или чекаат уште повеќе да се вжештат работите за да регираат? Тенкови да не чекаат Бугарија да испрати во Македонија?

Гледаат ли во ЕУ дека Бугарија со помош на Русија прави се и тоа на најлош можен начин, создавајќи омраза и непријателство помеѓу Македонците и Бугарите, за да во Македонија не се направат уставните измени, и земјата да се одалечи од патот за членство во ЕУ.

Политичарите во Бугарија досега бројни пати декларативно изјавуваа дека ќе помогнале Македонија да стане членка на ЕУ, ама на терен со години праваат се за да тоа не случи. И ќе продолжат да го прават тоа и откако Бугарите ќе ги внесеме во Уставот. Го гледаат ли тоа во ЕУ? Или не им одговара тоа да го видат. Ако е така нека кажат, да не лажат како и бугарските политичари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендиков аплицирал за бугарски пасош на крајот на декември, откри бугарскиот амбасадор Ангелов

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил пратеникот Антонио Милошоски

Редакција

Заев останува на ставот за разрешување на Пауновски

Редакција

Трагедија: Едно лице почина во пожарот во продавница кај „Рамстор мол“

Редакција