еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Еврокомесарот Вархеји ќе се сретне со преставниците на македонските Бугари, Георгиевски, Колев и Трендафилов

Преставници на македонските Бугари ќе имаат средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, објави бугарската новинска агенција БГНЕС.

Средбата ќе се одржи неделава на нивно барање поради, како што објави агенцијата, институционалната омраза и системската дискриминација кон нив во Македонија.

На средбата ќе одат Петар Колев и Георги Трендафилов од Граѓанско-демократската унија (ГДУ) и Љупчо Георгиевски од бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола.

Во писмото што тие го испратиле до Вархеји се жалат дека во нивната татковина нема желба за дијалог со нив од страна на локалната и централната власт.

„Секојдневната стигматизација на нашата бугарска заедница и неможноста за воспоставување дијалог со локалните и централни власти создаваат предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуален и колективни можности.

Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на Република Северна Македонија кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да ги бранат нашето македонско-бугарско наследство и идентитет“, стои во писмото, кое го пренесува БГНЕС.

Фото: „Ванчо Михајлов“/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Арачиново останува затворена, кој е градоначалникот кој доби закана по живот

Редакција

КФОР го одби барањето на Белград за распоредување на српска војска во Косово

Редакција

Поради смртен случај на обвинителката Русковска, судењето за насилството во Собранието одложено за утре

Редакција