еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нема да има покачување на платите за 30% во Министерството за финансии

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлогот на Законот за изменување на Законот за буџети.

-Предложените законски измени се во насока на бришење на одредбата за зголемување на платите на вработените во Министерството за финансии за 30 проценти поради, како што е објаснето од страна на Министерството за финансии, неколку причини: неможност од утврдување на специфичноста на работните задачи и посебната одговорност која произлегува  од работното место со цел допрецизирање на законот за буџети и имајќи предвид дека Законот за системот на плати во јавниот сектор е во постапка на донесување, информираат од владината прес служба.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Вулкан“ е нов инстументален хит на Благојче Трајковски, Џамбо Агушев и Ангел Демирев

Редакција

(Видео) Од Босфор кон Црно Море исплови најголемиот турски воен брод ТГЦ „Анадолија“

Редакција

Пекабеско со добивка од 42,6 милиони денари во време на „корона“ криза

Редакција