еМагазин
Image default
Македонија

Владата задолжи неколку институции за набавка на лекови за пациентите со цистична фиброза

Владата задолжи неколку институции за набавка на лекови за пациентите со цистична фиброза, соопшти владината прес-служба.

Од Владата информираат дека на седница ја разгледале информацијата од Министерството за здравство за потребата од обезбедување пари за Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, зa набавка на терапија за пациентите со цистична фиброза.

Како што додаваат оттаму, заклучено е Министерството за финансии, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да одржат координативен состанок и да достават предлог-решение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Ќе има јавна расправа за новиот концепт за основно образование, историјата не се укинува

Редакција

Заев носител на листа во четворката, Мицкоски преферира да биде шпицен кандидат

Редакција

Смртта на мајката и синот од Велес чии тела беа најдени во распаѓање, настапила во март

Редакција