еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Македонија нема да дојдат бугарски полицајци за чествувањето на роденденот на Гоце Делчев

Од Министерството за внатрешни работи најостро демантираат дека за безбедноста на бугарските граѓани кои утре ќе дојдат за чествувањето на роденденот на Гоце Делчев ќе се грижат и бугарски полицајци.

-Станува збор за комплетна дезинформација и извртување на факти, имајќи ги предвид соопштенијата кои деновиве, во пресрет на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев ги сподели МВР со јавноста, како и неколкуте медиумски гостувања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, токму на оваа тема, велат од МВР.

Од таму посочуваат дека македонската полиција постапува самостојно, по претходно изготвен оперативен план и е подготвена во целост, не само за овој настан, туку за сите настани, не само за оваа пригода, туку за сите пригоди, во било какви услови – да направи сѐ за да ги сочува мирот и стабилноста на државата и граѓаните.

Од МВР велат и дека со изнесување на вакви дезиформации во медиумите се доведуваат во заблуда граѓаните и тоа не помога во достоинствено одбележување на роденденот на великанот Делчев, што подразбира ангажирано и одговорно пренесување на проверени информации, а не одработување за нечии деструктивни влијанија со пласирање лаги кои имаат за цел само да наштетат не само на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, туку и на угледот на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денеска до сабота затворени улиците околу гробот на Гоце Делчев

(Видео) Нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на Гоце Делчев, уверуваат Спасовски и неговиот бугарски колега

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

19-годишниот Бошко Јанкулов боледува од малиген карцином на коски, карлица и бели дробови – потребни се средства за лекување

Редакција

Само Чаир и Кисела Вода со над 100 активни случаи со корона вирусот во скопските општини

Редакција

Села: Алијанса на Албанците не е на пазар и не се продава, оди сама на избори

Редакција