еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Засилена контрола на граничниот премин Деве Баир, нема организирани групи за влез во државата

На граничниот премин кон Бугарија, „Деве Баир“, од утрово има засилена полициска и гранична контрола, но протокот на патници за влез во државата е речиси минимален.

Од Министерството за внатрешни работи – Регионален центар за гранични работи „Исток“, информираат дека нема никакви организирани групи бугарски државјани кои досега ја минале границата, по повод чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Од утрово од 7 часот досега во државата влегоа само дваесетина странски туристи кои транзитираат низ Македонија и тоа со организиран меѓународен автобуски транспорт, додека пак, други лица сѐ уште не влегоа во државата низ овој граничен премин.

Фреквенцијата на патници кои излегуваат од државата е нешто поголема, но вообичаена кога станува збор за викенд патувања.

Претежно минуваат возила од Скопје и останатите градови во земјава кои се упатуваат кон зимските туристички центри во Бугарија, а регуларен е и протокот на патнички товарни возила.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинацијата со кинеската вакцина „Синофарм“ ќе почне по Велигден, во мај ќе стигнат 26.000 вакцини на „Фајзер“

Редакција

Судењето за „Тендери“ се одлага до назначување на нов судија-поротник

Редакција

Игор Ивановски Шема ќе ги надгледува проектите на СДСМ

Редакција