еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Најмалку 912 загинати и 5.383 повредени во земјотресот во Турција, изјави Ердоган

Најмалку 912 луѓе загинаа во Турција во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.  Тој додаде дека во земјотресот се повредени 5.383 луѓе.

Со најмалку 326 луѓе кои загинаа во деловите на Сирија кои се под контрола на владата, ова го става бројот на загинати во најмоќниот потрес во регионот во речиси еден век на повеќе од 1.200.

Во земјотресот во Турција загинаа најмалку 326 лица преку границата во деловите на Сирија под контрола на владата, соопштија државните медиуми, ажурирајќи го претходниот биланс од 239.

Официјалната новинска агенција САНА соопшти дека уште најмалку 1.042 лица се повредени по земјотресот што се случи во близина на југозападниот турски град Газиантеп, на околу 40 километри од границата со Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видеа кои што ја покажуваат страшната разурнувачка моќ на земјотресот во Турција и Сирија

Земјотресот во Турција би можел да биде најсилен во историјата на земјата, оценуваат сеизмолозите

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За прв пат учествува и Македонија: Вечерва почнува Европското првенство во фудбал

Редакција

Министерството за животна средина склучи договор со „Конструктор“ вреден 4 милиони евра

Редакција

Утре кратко стабилизирање на времето, потоа повторно поројни дождови

Редакција