еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пропадна владината еврообврзница од 600 милиони евра

Целосната постапка за издавање на еврообврзницата ќе биде извршена по спроведување на административните процедури, кои подразбираат и мислење од новиот министер за правда, информираат од Министерството за финансии (МФ).

-Веднаш по изборот на новиот министер за правда ќе се одржи нова аукција.

За ова банките-агенти што посредуваа при издавањето на еврообврзницата ќе ги информираат инвеститорите, кои при минатата аукција имаа 2,5 пати поголем интерес во однос на понудената сума, како резултат на довербата во добрите економски политики, соопштија од Министерството за финансии.

Оттаму потсетуваат дека согласно процедурата за избор на нови министри во Владата, Собранието на 13 февруари 2023 година прими оставки од четворица министри, меѓу кои и министерот за правда, кои се прифатени од Собранието.

– Законски, за издавање на еврообврзницата, потребно е мислење на министерот за правда, кој е меѓу министрите кои поднесоа оставки до Собранието, истакнаа од МФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Издадена деветта еврообврзница во износ од 600 милиони евра за отплата на стари долгови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија го прекина снабдувањето на Финска со електрична енергија

Редакција

Пејачот Ар Кели прогласен за виновен за изнудување, секс-трговија и злоупотреба на малолетнички

Редакција

Град Скопје за шест месеци има приходи и други приливи од 3,1 милијарди денари

Редакција