еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Објектот е купен со кредит што ќе го отплаќаме 20 години, реагираат од „ЕТЦ травел“ на пресот на ВМРО-ДПМНЕ

Од компанијата ЕТЦ Травел реагираат по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека додека Артан Груби е вицепремиер, неговиот брат Ветон Груби на улицата „Македонија” во центарот на Скопје купил деловен простор со површина од 127 м2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Братот на Груби купил деловен објект на улицата Македонија вреден половина милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„ЕТЦ во моментов изнајмува деловен простор и затоа, поради економска исплатеност, пристапивме кон обезбедување на наш сопствен деловен простор кој што би ги исполнил нашите потреби и би ги намалил трошоците.

Согласно тоа, со купопродажен договор и кредит обезбеден од Халкбанка на 11.11.2022, со ставање во целосна хипотека на деловниот простор кој што ќе се исплаќа на месечни рати во рок од 20 години е обезбеден деловен простор за нашите потреби согласно сите законски процедури и на најтранспарентен начин, преку банкарска трансакција помеѓу купувачот и продавачот.

Ги молиме политичките партии, но и медиумите, за коректност кон македонските компании и да не ги користат домашните фирми за дневно политичко препукување.

Сите компании се соочуваат со потешкотии во економската криза и се обидуваат да преживеат, притоа придонесувајќи во буџетот на државата и вработувајќи граѓани на нашата земја, и затоа замолуваме да се избегнат беспотребни политички препукувања на наш грб и на наша штета“, велат од ЕТЦ Травел.

Фото: ЕТЦ Травел/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто и како почина најмладиот пациент од коронавирусот во Македонија, кој имаше 31 година

Редакција

Побаран притвор за дедото од Габреш кој си ја уби сестрата и внукот

Редакција

(Видео) Илјадници граѓани во Белград им одадоа почит на убиените во училиштето и побараа оставки

Редакција