еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во министерството на Артан Груби лани потрошени над 160 илјади евра за скриени хонорари, открива БИРН

Балканската истражувачка мрежа БИРН објави дека во текот на 2022 година Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи кадарот на ДУИ, Артан Груби потрошило над 160 илјади евра за скриени и неидентификувани хонорари.

Според истражувањето на БИРН, за консултации биле дадени и значителни суми за период од една година.

„Министерството плаќа за дополнителна работна сила. Само во текот на 2022 година во околу 40 случаи преку две авторски агенции „Артпик“ и „Лиценца МК 2000“ се исплатени различни износи: од 22 илјади денари до над 300 илјади денари месечно под ставката „други услуги по договор“, број под кој во најголем број случаи се повикуваат на ангажмани со хонорар.

Министерството плаќа и за консултантски услуги. За ова е ангажирана агенцијата „ДМ Консалтинг Груп“. Низ неа „поминале“ вкупно 7.600 евра за една година“, пишува БИРН.

Од 2016 година, кога ова министерство беше Секретаријат за спроведување на Охридскиот договор досега, на сметката на агенцијата „МК 2000 лиценца“ се исплатени околу 280.000 евра, пресметал БИРН, од каде неколку пати ја побарале документацијата на која се основаат договорите, но биле игнорирани од службата за медиумска комуникација при Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Ни беа испратени празни фактури во кои нема записник и образложение зошто биле ангажирани лицата. Во записникот од фактурата пишува „изведувач“. Во декември повторно побаравме копии од договорите на кои се вршени плаќања, овојпат за 11 месеци. Немаме одговор“, пишува БИРН.

Информациите не им биле доставени ниту по интервенција на Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер, од каде му наложиле на Министерството да ги даде одговорите во рок од 15 дена. Според БИРН, одговор бил побаран директно и од Груби, но до објавувањето на истражувањето, не добиле ништо.

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

33 нови случаи на Омикрон во Македонија и уште три со флурон, комбинација од грип и Ковид-19

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 320 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Заев до опозицијата: Што, ќе го освојуваме Солун? Ако сте против, кажете како понатаму

Редакција