еМагазин
Image default
Македонија

Приведени двајца Албанци, со 10 евра сакале да поткупат полицајци, во автомобилот им нашле и дрога

МВР информира дека вчера, во 09.20 часот, на Граничниот премин Белановце, на влез во Македонија, полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Ј.(65), возач и Е.Р.(38), совозач, двајцата од Р.Албанија, кои биле со патничко моторно возило „пежо“ со албански национални ознаки.

Лицата биле приведени поради давање поткуп, а во нивниот автомобил била пронајдена и дрога.

-Имено, при вршење на пасошка контрола Е.Р. дошол до кабината каде на полициски службеник му дал патни исправи и зелен картон. При проверка на документите, полицискиот службеник забележал дека во зелениот картон била ставена една банкнота од 10 евра, по што Е.Р. рекол дека тие се за него за да го пушти, бидејќи бил истечен рокот на зелениот картон.

Е.Р. веднаш бил лишен од слобода. При извршен преглед на моторното возило било пронајдена и марихуана и една дробилица, известуваат од МВР.

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по чл.358 и чл.215 од КЗ  Е.Р. и Г.Ј. се лишени од слобода.

-Известен бил јавен обвинител и тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка односно за поднесување соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сиљановска Давкова се запозна со Мицотакис и Главчев на Самитот во Швајцарија

Редакција

Обвинителството постапува во случајот со двојното убиство на Кале, вели Бубевски

Редакција

Стево Пендаровски ја објави кандидатурата за втор мандат за претседател на Македонија

Редакција