еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Лицата кои влечеа коњ со автомобил во Скопје ќе одговараат кривично

Полициски службеници од ЕВР Гази Баба вчера на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје ги лишија од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“.

Како што информира МВР, делото го сториле завчера околу 13:00 часот на улицата „Коце Металец“ во Скопје каде измачувале коњ.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимка со коњ врзан за кука кој го влече автомобил низ Скопје ја згрози јавноста

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворени истраги за воени злосторства во Израел, Газа и Западниот Брег

Редакција

Холидеј Ин ќе го отвори својот втор хотел во Македонија во Кавадарци

Редакција

Како момче се збогуваше од своето братче, убиено во нападите на Газа: Видео кое го обиколи светот

Редакција