еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сметката на клиниката „Жан Митрев“ останува блокирана, поднесена е жалба

Клиниката Жан Митрев ја информира јавноста дека и покрај тоа што има блокирани сметки секојдневно работи, како што велат „правиме сложени кардиохируршки зафати и спасуваме животи на наши граѓани. Исто така после пет дена сметките остануваат блокирани„.

-Обвинителната Искра Хаџивасилева пред медиумите изјави: „ова не е некаква хајка против болницата Жан Митрев“.

Сакаме јавно и прецизно да одговориме низ статистички податоци.

Во цела држава смртноста од ковид беше 51%, во клиника Жан Митрев смртноста беше двојно помала од другите болници во земјава и изнесува 25% и тоа на интензивна нега.

Овој процент на смртност од 25% на интензивна нега во време на ковид пандемијата во Европа е постигнат само во Германија и во нашата клиника.

Во Македонија починаа 9.663 пациенти од ковид, вие како Јавно обвинителство велите дека 1,7% од починатите биле измамени од нашата клиника.

Обвинителке што се случува со останатите 98,3% кои починале и нивните семејства во другите болници.

Точно обвинителке Хаџивасилева ова не е „некаква“, ова е многу добро организирана хајка, со обвинителен акт чиј што главен доказ е ТВ емисија со сцени од погреб.

Бидејќи статистичките податоци покажуваат 75% преживување, она што треба да добиеме е извинување и благодарност, а не блокирани сметки и желба за уништување на нашата клиника.

Сите овие бројки укажуваат само на тоа дека вистината е наша страна и дека обвинителниот акт е конструкција и обвинување без никаква основа.

Ние веќе поднесовме жалба на вашето решение и уште еднаш на крајот апелираме за фер судење и деблокирање на сметките со цел да се отстрани притисокот кон секојдневното работење на нашата клиника, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клиника Жан Митрев нуди имот за одблокирање на сметките

Кои се новите адвокати на Жан Митрев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Каргомакс“ го доби тендерот на ЈП Градски паркинг за набавка на пајак-возила и камион „тежок“ 345.000 евра

Редакција

Каков имот пријавил Мустафа Хајрулахи, единствениот кандидат за нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје

Редакција

(Фото) Стартуваше осумнаесеттиот Моден викенд Скопје

Редакција