еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во петок и сабота врнежи, од недела намалување на температурата

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди.

Во петок попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.

Локален дожд ќе има и во сабота. Во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата.

Според прогнозата, утре минималните температури ќе се спуштат до нула степени, а максималните ќе достигнат 20. За време на викендот максималните температури ќе бидат меѓу 15 и 19 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Телма“: Застрашувачки „тик-ток“ предизик меѓу децата во Скопје, легнуваат на улица и се предизвикуваат кој најдолго ќе издржи до доаѓање на возило

Редакција

Зошто ги славиме македонските и сесловенски просветители, Светите браќа Кирил и Методиј

Редакција

Филипче: Засега нема потреба од рестриктивни мерки, состојбата со Ковид-19 се стабилизира

Редакција