Пекабеско АД Скопје за периодот јануари-декември 2022 оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех, информира компанијата преку Македонската берза
-Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-декември 2022 година изнесуваат 5.355 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 10%.
Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,6%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2021 година бележат зголемување од 10%.
Приходите од извоз изнесуваат 722 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 се зголемени за 13%
Остварените вкупни расходи во периодот јануари-декември 2022 година изнесуваат 5.245 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 10%, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пекабеско со намалена добивка во првите девет месеци
Весна Кутревска повторно купи акции во Пекабеско