еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Молдавскиот стана романски јазик

Парламентот на Молдавија денеска одобри преименување на националниот јазик од молдавски во романски. Одлуката е донесена со просто мнозинство на владејачката партија Акција и солидарност.

„Предлог-законот за спроведување на некои одлуки на Уставниот суд е усвоен во второ читање со гласовите на 58 пратеници“, изјави претседателот на Собранието, Игор Гросу, за време на седницата што се емитуваше во живо на социјалните мрежи.

Во Молдавија амандманите на Уставот мора да добијат двотретинско мнозинство во Парламентот, што значи 67 од вкупно 101 пратеник. Доколку, пак, претходно се предложени од Уставниот суд, доволно е и просто парламентарно мнозинство. Уставниот суд предложи промена на името на јазикот уште во 2013 година. Иницијативата за промена на името на јазикот е поднесена од владејачката партија Акција и солидарност.

Според тој предлог, терминот „молдавски јазик“ во која било граматичка форма се заменува со терминот „романски јазик“. Дополнително, зборовите „државен јазик“, „официјален јазик“ и „мајчин јазик“ се заменуваат со зборовите „романски“ доколку се однесуваат на државниот јазик на Молдавија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лавина од пријави за сексуално насилство на Балканот: За еден ден 1.200 сведоштва на „Нисам тражила“

Редакција

Денеска почнува седницата за избор на нова Влада, гласањето се очекува во недела пред полноќ

Редакција

Камчева: Бев исплашена од моќта на Јанева, но потоа сфатив дека специјалниот јавен обвинител е Јовановски

Редакција