Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот 13-19.03.2023 година се регистрирани 169 нови случаи на Ковид-19, со зголемување од 16,6% во однос на минатата недела (n=145).
-Процентот на позитивност се движи од 8,7% до 16,5%, просечно 11,8%
Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 19 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=79; 46,7%), a највисока инциденца е регистрирана во Битола (23,6/100.000 жители).
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (n=82; 48,5%).
Со оглед на малиот број на пријавени случаи, зголемувањето/намалувањето по возрасни групи е варијабилно.
Во текот на минатата недела (13-19.03.2023) со статус „оздравени“ се стекнале 167 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, за 5,7% повеќе во однос на минатата недела (n=158).
Во текот на минатата недела, пријавени се 49 реинфекции, за 19,5% повеќе во однос на претходната недела (n=41).
Пријавено е едно починато лице со датум на смрт во текот на последната недела (13- 19.03.2023), лицето е од Скопје, со коморбидитети и починато во болнички услови. Лицето е на возраст од 86 години, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
Фото: МЗ