еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

На битолчанецот кој заврши на Токсикологија наместо вода му бил даден раствор за машинско перење на садови

На битолчанецот кој заврши со тешко труење на Токсикологија, во кафуле во Битола наместо минерална вода му бил даден калиум натриум хидроксид, објави Фокус.

Се работи за отстотен раствор кој се користи за машинско миење на садови.

Во тек е истрага која треба да утврди како ова корозивно средство се нашло во пијачката која му била дадена на битолчанецот.

Од скопска Токсикологија велат дека пациентот бил донесен во тешка здравствена состојба.

„Вели: „се напив една голтка и осетив дека не е вода“. Интоксикација со корозивно средство има пациeнтот. Не знаеме како е дојдено до тоа, но таква изјава дава, дека бил во кафуле и кога ја отворил водата, од првата голтка почувствувал дека тоа не е вода“, објаснува за Фокус директорот на болницата, Ридван Бајрами.

Тој додава дека пациентот е на опсервација, бидејќи последиците од овие токсични материи се осеќаат подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На битолчанец наместо вода во угостителски објект му било дадено корозивно средство

Фото: Општина Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макпетрол: Цената на природниот гас за март ќе биде за 11% пониска

Редакција

Питу Гули на Мечкин Камен загинал на 38-годишна возраст: Кој е приватно еден од најголемите македонски револуционери

Редакција

На македонско-српската граница, камионите со стока ќе се мерат само еднаш

Редакција