еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Познатите скопски кафулиња „Интермецо“ и „Мош“ добија забрана за работа 10 дена

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителски објекти и непочитување на работното време во ноќните часови, Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во соработка со Државен пазарен инспекторат изминатиот викенд изврши контрола на неколку локали.

„Поради пречекорување на работното време до 1 часот по полноќ на кафулињата „Интермецо“ и „Мош“, пазарната инспекција им изготви записници за затворање и забрана за работа од 10 дена.

Решенијата до локалите ќе бидат доставени во текот на денешниот ден по што истите ќе бидат пломбирани.

Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава,“ се вели во соопштението.

Општина Центар повторно апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за злоупотреба на службена положба за поранешен градоначалник

Редакција

Ќе се оданочуваат и депозитите: Од следната година повисоки даноци, поголем ДДВ

Редакција

Што пишува во биографијата на Дитмире Шеху, старо-новата потпреседателка на ДИК

Редакција