еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судскиот совет ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд 

Судскиот совет на денешната 436-та седница ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд од граѓанска област.

На огласот за избор на четири судии во Врховниот суд, од кои двајца за кривична област и двајца за граѓанска област, беа пријавени по петмина кандидати, но Судскиот совет не избра ниту еден од петмината кандидати за судии од кривична област.

Од граѓанска област пријавени беа пет кандидати, од кои прворангирана со 74 бода судијката Анита Бошковска која доби 10 гласа „за“ и 2 против, додека второрангираната со 68,4 бода Катерина Георгиевска која доби 10 гласа „за“ и два против.

Судскиот совет согласно закон судиите ги избира со најмалку осум гласа „за“ од судиите со право на глас и гласа од прворангираниот се до изборот на потребниот број судии согласно објавениот оглас.

Останатите кандидати беа Елизабета Дуковска со 64,8 бода, Роза Георгиева со 55,5 бода и за Енвер Беџети со 53,3 бодови.

Од кривична област, од пријавените пет кандидати Зоран Димитриевски доби 4 гласа „за“ и 8 против, Данка Ристова 6 гласа „за“, 6 против, Татјана Дукоска 4 гласа „за“ и 8 против, Енвер Беџети 4 гласа „за“ и 8 против и Енвер Амзаи, исто така 4 гласа „за“ и 8 против.

Ова е прв избор на судии во повисок суд, по новите критериуми за оценка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет ги избра Даут Рустеми и Александар Милошески за судии во Апелационен суд Гостивар 

Хасан Асани реизбран за претседател на Основен суд Тетово

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Илинден“ го доби тендерот на „Македонија пат“ за набавка на битумен за асфалт вреден 5,6 милиони евра

Редакција

(Видео) Путин пукаше со снајперска пушка при посета на камп за обука на мобилизирани војници

Редакција

Талат Џафери не спори дека и тој се знае со обвинителот Абази

Редакција