На 05.09.2018 година околу 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Ф.А.(33) од Гостивар,осуден на двегодишна затворска казна за сторено кривично дело „кражба“, а кој претходно избегал од Казнено-поправната установа „Идризово“-Скопје и по кого била распишана потерница, информира МВР.
По приведувањето, Ф.А. бил спроведен во КПУ „Идризово“ на доиздржување на затворската казна.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.