еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најмалку 5 милиони евра годишно граѓаните ќе ги чини зголемувањето на платите на функционерите

Телевизијата Сител објави дека Министерството за финансии пресметало дека најмалку 5 милиони евра годишно граѓаните ќе ги чини зголемувањето на платите на функционерите.

Според висок извор од министерството, на кој се повикува телевизијата, покачување ќе добијат помеѓу 500 и 600 функционери.

На 21 март, Уставниот суд донесе одлука со која ги укина двата члена од Законот кои ја држеа основицата за пресметување на платите на функционерите на ниво од околу 26.000 денари.

Со сегашната основица, од над 46.000 денари најголемо покачување на платата ќе добие претседателот на државата и тоа од 72.500 денари.

Платите на премиерот и министрите ќе скокнат за 50.000 денари, а зголемување ќе добијат и пратениците кои од сегашните 60.000 денари ќе добиваат нето плата повисока од нешто над 100.000 денари, објави Сител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Од кај имаме пари за 78% повисоки плати?“: Твитер реакции за платите на функционерите

Една функционерска плата покрива две ипол до три синдикални минимални кошници, велат од ССМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејна драма во Волково: За да си ја заштити ќерката, брат ѝ ја прободел со нож во слепоочница

Редакција

Нови 86 случаи на Ковид-19 од 808 тестирања

Редакција

„Ние сме оставени сами да ја браниме нашата држава, кој е подготвен да се бори со нас, искрено – не гледам“, вели украинскиот претседател Зеленски

Редакција