еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Нудиме консензус околу хрватскиот модел за уставните измени, стоиме на располагање и за лидерска средба

Ние конечно нудиме консензус околу хрватскиот модел јавно, без да се затвораме и без нешто да криеме од јавноста. Каква е преамбулата во хрватскиот Устав, така да ја направиме преамбулата и во нашиот Устав. Ние стоиме на располагање, ако сакаат за ова можеме да зборуваме и на лидерска средба, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ објави предлог како да изгледаат уставните измени

Тој денеска во изјава за медиумите по извршениот увид на градежни активности на нов спортски центар во Бутел, прашан околу уставните промени, посочи дека евентуалната интервенција во Уставот се случува во три чекори.

-Првиот чекор е кога во Парламентот доаѓа иницијатива со која се утврдува потребата за отворање на Уставот. Тоа значи дека две третини од пратениците треба да гласаат „за“. Доколку има две третини од гласовите „за“, следува вториот чекор, а тоа е формирање на Уставна комисија која ќе работи на амандманите и ги носи во втора фаза – во Парламентот.

Тогаш е потребно мнозинство од вкупниот број пратеници или 61, и доколку има такви, тогаш повторно се враќаат изгласаните материјали или амандмани, се формира конечен текст, и во трет чекор доаѓа во Парламент процедурата и тогаш повторно се потребни две третини од вкупниот број на пратеници. Тоа значи дека минимум 104 до 105 дена се потребни, доколку во идеален случај оваа процедура почне од почеток до крај, рече Мицкоски.

Како што рече, ние се наоѓаме пред почетокот и сега уставни комисии не се формираат, туку пред пратениците се доставува иницијатива за утврдување на потребата за отворање на Уставот.

-Ако ме прашате како човек, „преку глава“ ми е од работни групи каде што неколкумина политичари седат во затворена просторија и одлучуваат за иднината на народот, а народот е против тоа. Затоа, одлучивме како ВМРО-ДПМНЕ јавно да го дадеме нашиот предлог, да не се затвораме во темни простории и да ја мистифицираме целата наша работа.

Ние треба да работиме во интерес на народот и затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ го прифаќаме предлогот што го посочија за хрватскиот модел. Треба да излезат и да кажат дали прифаќаат или не, рече Мицкоски.

Портпаролката на опозициската партија Мартија Митева во неделата изјави дека власта многу пати досега на темата уставни измени во јавноста ги пласираше тезите за промена на уставот по моделот на Хрватска, а со оглед на тоа дека Хрватска, е земја членка на ЕУ, промената на уставот по т.н хрватски модел, рече таа, за ВМРО-ДПМНЕ е сериозно применлив и прифатлив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерството за правда бара експерти за работната група за уставните измени

МИА/фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пуштена во употреба жичницата до врвот на Водно, во кабина е дозволено да се превезуваат максимум 4 лица

Редакција

Караџовски е во добра здравствена состојба, ама не сака да биде „турска серија“, па често да се појавува по медиуми

Редакција

Во моментот во Брисел се разгледуваат промените на Кривичниот законик, вели евроамбасадорот Гир

Редакција