еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Термин за виза не се купува, туку се доделува само преку веб-страната на Амбасадата, алармираат од германската Амбасада

Термин за виза не се купува, туку се доделува само преку веб-страната на Амбасадата, алармираат од германската Амбасада во Скопје преку социјалните мрежи.

„Драги подносители на барање за виза, фер и транспарентно доделување на термини за поднесување на барање за виза, како и проверка на Вашите барања согласно важечките закони се наш и Ваш заеднички интерес.

За жал, постојано има луѓе кои со погрешни информации сакаат да извлечат профит за себе. Лагите и погрешните информации Ви штетат Вам и на Амбасадата. Неодамна, беа уапсени две лица во Гостивар поради вакви обвинувања, а печатот повеќе пати известуваше за тоа.

Затоа, заштитете се и имајте предвид:

Термини за виза се доделуваат само преку веб-страната на Амбасадата!

Оној што Ви ветува термин за пари, лаже! Термините не може да се купат!

Лицата што на улица се претставуваат како вработени во Амбасадата и даваат ветувања, лажат!

Доколку некој Ви понуди фалсификувани или лажни јазични сертификати, одбијте! Нашите вработени се обучени и препознаваат вакви фалсификати. Вашето барање ќе биде одбиено.

Детални и доверливи информации има на нашата веб-страна: www.skopje.diplo.de!“, велат од Амбасадата на Германија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски по сведочењето за “организаторите на 27 април“: Никој од ВМРО-ДПМНЕ не е дел од организацијата на нападите

Редакција

Сите детали: Освен затворска казна од 9 години, на Боки 13 ќе му се конфискуваат и 12 илјади евра

Редакција

Бајден и кажал на Фон дер Лајен проширувањето на ЕУ да продолжи и да ја вклучи и Македонија

Редакција