Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници бр.04/2023 за долгови доспеани до 31.12.2022 и неплатени до 31.03.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници има 1.723 должници – правни лица (повеќе за 17 од претходната листа) и 3.326 физички лица (помалку за 12 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 8.059.841.431 денари, помалку за 43.738.159 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.850.797.675 денари, помалку за 69.979.738 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 209.043.756 денари (повеќе за 26.241.579 денари од претходната листа).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топ 10 најголеми должници на Листата на УЈП во април