Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска пред Владата беше пречекан со погрешно знаме.
Пропустот го забележаа австриските новинари, кои посочија дека поставеното знаме е латвиско.
Владата на Република Македонија упати извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст.
„Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија“, велат од Владата.
Фото/видео: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.