Протоколарниот гаф на Владата во врска со знамето на Австрија, денеска е хит-тема на твитерџиите. При пречекот на австрискиот канцелар Себастијан Курц пред Владата, наместо знамето на Австрија беше ставено знамето на Летонија.
По ова, македонската влада испрати официјално извинување за пропустот, а твитерџиите си имаа „материјал“ за шеги, но и барање на одговорност.
ја повикувам @VladaMK и @Zoran_Zaev да го отпушти шефот на протокол уште веднаш!! ОДМА!!
— Kalin Babusku (@kalinbabusku) September 7, 2018
Среќа не дојде некој од Швајцарија, знамето на Црвен Крст ќе го ставеа.
— ДимуР (@MarkantenMomak) September 7, 2018
– Сте го згрешиле знамето!
– Нема проблем, ќе го смениме, навикнати сме ние да мењаме знаме.— Миле Паника (@Mile_Panika) September 7, 2018
Утре е 8 Септември. Муабетот ми е да не згрешите знамето.
— JaneDoe (@sonjatd) September 7, 2018
За ова се лета од работа. Фушераана племенска. Сите не' брукаат.
— Bisera (@zamislena) September 7, 2018
озбилно се десило и ова со „австралискиот премиер“?!
— Бојан (@hasawatermark) September 7, 2018
Не е Латвија, аман! Летонија ја викаме ние!
— b®g (@asimilacija) September 7, 2018
— EmptyPersona (@darkhour_seeker) September 7, 2018
На Курц по фацата му се познава дека следен пат во Австрија ќе им извади на нашите знаме на Лилипут. Затоа #Гласам
— Mahna Mahna (@MahnaMahna__) September 7, 2018
Очекувам, овој што го згрешил знамето, да се унапреди во специјален советник за знамиња на премиерот и како пример за…
Posted by Jovica Mihajlovski on Петок, 07 септември 2018
Ако не ги знаете знамињата на земјите, подобро не ставајте знамиња воопшто.Ставете едни везени пиперки нека се вејат на ветрот.
Posted by Goran Manevski on Петок, 07 септември 2018
ПОВРЗАНИ ТЕМИ
Академија за протокол: Погрешното знаме е еден од пострашните протоколарни гафови на нашите служби
(ВИДЕО) Курц пречекан со погрешно знаме, македонската Влада се извини за пропустот